logo
logo
logo

ШТО ОДЗЕМАЛА УЈП ОД ДОЛЖНИЦИТЕ: Од станови и коли, до што ќе најде

Vecer | 09.10.2025

ШТО ОДЗЕМАЛА УЈП ОД ДОЛЖНИЦИТЕ: Од станови и коли, до што ќе најде

Со цел заштита на Буџетот и праведност за сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи во период јули – септември 2025 (трет квартал), спроведе конкретни мерки за присилна наплата за секоја доспеана, а неплатена даночна обврска, информираше УЈП на социјалните мрежи.

„Во месеците јули и август покрај „блокирање“ на трансакциски сметки во банките, преземени се и следните мерки:

Заложни права на движни предмети кај 78 должници:

(59) Патнички моторни возила

(35) Товарни моторни возила

(6) Мотоцикли

(2) Машини

(4) Багери

(2) Мопеди

(1) Плазма стерилизатор

(3) Хидрофорни станици

(1) Реактор за алкохол

(1) Чилер машина за ладење

(1) Полуавтоматска машина

(1) Автоклав за стерилизација

(1) Машина за миење на инструменти

(2) Aвтоклав прододен

Хипотеки на недвижен имот кај 12 должници:

(6) Станови

(6) Градежно земјиште

(9) Деловни простории

(9) Земјиште под зграда

(7) Земјоделско земјиште

(3) Помошни простории

(2) Ниви

(2) Градежно изградено земјиште

(1) Градежно неизградено земјиште

Исто така за период јули – септември 2025 (трет квартал), УЈП преку е-Аукции, УЈП изврши продажба на:

8 движни предмети:

VW CADDY (×2)

CITROËN JUMPER

Универзален багер LGCM LGE56

Багер VOLVO 210

Работна машина мини утоварач (метла) LG 936

Вилушкар со опрема PTX-MAGNI RTH0625PD

Мобилна машина (со телескоп рачка) CB532-120

Вкупна вредност на продадените движни предмети: 13.438.100 денари (218.506 евра)“, информираат оттаму.

Од УЈП велат дека важно е да се знае дека од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник.

Доколку продажбата не е успешна и после втората јавна аукција, Република Македонија станува сопственик на недвижниот имот, а даночниот долг се намалува во износ кој одговара на 50% од проценетата пазарна вредност на недвижноста.

И покрај продажбата на имотот, даночниот долг не секогаш се покрива целосно – обврзникот може да продолжи да должи“, велат од УЈП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk