logo
logo
logo

„Спасовски да одговори, дали МВР имала можност да го лоцира возилото на Панче, но не распишале централна објава?“

Vecer | 09.12.2023

„Спасовски да одговори, дали МВР имала можност да го лоцира возилото на Панче, но не распишале централна објава?“

И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи. Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици, изјави Драган Ковачки пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи.

- Ние сме должни новите сознанија што ги имаме и дилемите кои се оправдани да ги поставиме во јавноста. Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември - денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците? Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24ти и на 25ти вечерта? – прашува тој.

Според него Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава?

- Повторувам, зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава? Ова е клучното прашање, зад кое се крие одговорот за пропустот на МВР. Оваа прес конференција има за цел да го постави само ова и единствено прашање. Доколку Спасовски искрено одговори на истото, нема да има човек во Македонија на кого нема да му биде јасно дали имало или не пропуст во истрагата и дали животот на Вања можел да биде спасен, изјави Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk