logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Vecer | 04.06.2026

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора.

Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro", каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.

На Самитот му претходеше турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјите од Западен Балкан, во рамки на која се сретна со лидерите од регионот, а денеска ќе биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват.

Кошта на 2 јуни беше во посета на Скопје, каде се сретна со Мицкоски, а потоа одржаа и заедничка прес-конференција на која премиерот посочи дека македонската позиција е јасна - „остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“.

Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk