Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат.
„Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка. Традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот“, се наведува во честитката од ЗНАМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата