logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

9 МИЛИОНИ ЕВРА завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Vecer | 10.06.2025

9 МИЛИОНИ ЕВРА завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои се во тесна врска и со Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудито на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на кланот Заеви. Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јагленот исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра. Фирма на Заев е регистрирана на иста адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Додека Македонија била во енергетска криза, а Заев и Филипче тврдеа дека немаат врска со државни тендери, правеле милиони на штета на државата и врз грбот на граѓаните. Од само еден тендер, милиони завршиле кај кланот Заеви и Филипче. Филипче да не молчи, да каже на јавноста која е неговата улога во тендерите со јаглен и кој е пазарот, па е награден со ауди Q8? Одговорност за ваков скандал мора да има ЈО да поведе истрага и да реагира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk