logo
logo
logo

ЕСМ поднесе приговор за ЗАТВОРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ

Vecer | 20.05.2026

ЕСМ поднесе приговор за ЗАТВОРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ

АД ЕСМ достави приговор до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и до Вишото јавно обвинителство, во врска со затворената истрага за набавката на мазут, со цел да се укаже на, како што наведуваат, одредени неправилности во водењето на постапката и да се побара дополнителна контрола и разгледување.

Од компанијата информираат дека истовремено е поднесено и барање за контрола до Јавното обвинителство, со кое се настојува да се утврдат евентуални недоследности во постапувањето.

„Денеска е доставен приговорот од АД ЕСМ до ОЈО ГОКК и Вишото јавно обвинителство. Исто така, како што најавивме, поднесено е барање за контрола и до Јавното обвинителство. Барањето е со цел да се утврдат недоследностите за водење на постапката“, велат од ЕСМ.

По затворањето на истрагата која траеше една година и во која беа опфатени Исмаил Јахоски, Ратко Капушевски и Васко Ковачевски, кој е во бегство, од ЕСМ претходно оценија дека обвинителката Катерина Коларевиќ паушално го спровела вештачењето и погрешно ги интерпретирала изјавите на инженерите. Според нив, инженерите биле повикани исклучиво да ги појаснат техничките аспекти на набавката и производството, а не да даваат оцена за евентуална финансиска штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk