logo
logo
logo

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Vecer | 16.02.2025

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Малолетен Косовец со „ауди“ прегазил двајца тинејџери во Шуто Оризари, од кои едниот се здобил со тешки телесни повреди, објави МВР.

„На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ . Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, пренесува полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk