Во вечерните часови на скопската крстосница помеѓу булеварите „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ се случи сериозен инцидент што повторно ги отвора прашањата за јавната безбедност. Околу 19:48 часот, избувнала физичка пресметка меѓу три лица, од кои едното е 14-годишно дете.
Според полициските информации, во конфликтот биле употребени ножеви, а сите учесници се здобиле со телесни повреди. Повредените веднаш биле префрлени на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од страна на полицијата се преземаат активности за целосно расчистување на настанот, а засега не се споделени детали околу причините и односите меѓу лицата вклучени во инцидентот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата