logo
logo
logo

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека ги прислушувале и следеле Мицкоски, новинари и бизнисмени

Vecer | 06.09.2025

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека ги прислушувале и следеле Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Истакна дека СДС најпрво тврделе дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите.

-СДС призна две работи. Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка.

СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт.

ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница, посочи Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk