Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер.
На средбата, информира Мицкоски, разговарале за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа.
-Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдивме заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот. Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности, објави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата