logo
logo
logo

БАРАМ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ДА СЕ ОСЛОБОДИ - ОЈО не докажа зошто е убена Вања, рече адвокатот на Палчо

Vecer | 20.06.2025

БАРАМ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ДА СЕ ОСЛОБОДИ - ОЈО не докажа зошто е убена Вања, рече адвокатот на Палчо

Адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, во завршниот збор денеска кажа дека тој е обвинет само со 17 докази, од кои ниеден не е конкретен и директен. Адвокатот Јовица Страшевски рече дека нема трага, слика, снимка, сведок дека тој ги извршил кривичните дела – организирање на грабнувањата на Панче Жежовски и на малолетната Вања Ѓорчевска, како и нивно убиство потоа.

-Барам Љупчо Палевски да се ослободи од обвинение, побара неговиот адвокат Јовица Страшевски на денешните завршни зборови на одбраната на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој смета дека е нарушено правото на еднаквост на оружјата и дека вакво обвинение ќе падне пред повисоките судови. Според Страшевски, однапред била испишана пресудата уште со првите прес-конференции на МВР и Обинителството.

-ОЈО не докажа ни разумно соменние за да го докаже обвинението. Секој човек е невин додека не се докаже. Во Обвинителниот акт нека докази темелени на факти. Уште 10 години да се суди нема да се докаже, рече Страшевски пред судот.

Според него, нема докази, нема траги против неговиот клиент.

-Уште на првиот прес беше нарушена презумпцијата на невиност, без да се видат доказите. Се создаваше атмосфера на јавен линч, додаде Страшевски.

Тој презентираше видео од 24.11 2023 година во 10 часот и 12 минути, кога бил неуспешниот обид за грабнување на Вања, од пред куќата на Велибор Манев како тој вади лопата од „кангуто“.

Страшевски праша и зошто не е повикано лицето чии траги ги има на телефонот на Панче Жежовски.

За Вања

-ОЈО не докажа зошто е убена Вања, а не Миња. Што им менувало на киднаперите кое ќе биде грабнато, или цел биле двете деца? Загубата е голема, но ОЈО не покажа ниту еден доказ. Возењето на возилата не е доказ, а на снимката не се гледа Палевски. Сиситемот „Безбеден град“ е систем за препознавање на возила, а не на лица, рече Страшевски.

Страшевски го коментираше тврдењето на Обвинителството дека Палевски нема алиби.

-Што ќе му е алиби кога ОЈО нема докази против Палевски?, праша Страшевски.

-Невозможно е Валибор Манев, кој има две ќерки, да не разликува 40-годишна жена од девојче, ова е класично лажење, рече пред судот адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Овие негови зборови доаѓаат по тврдeњето на Велибор Манев дека мислеле дека киднапираат жена, а не дете.

За убиството на Вања

На тоа Манев, кој денеска даваше завршни зборови, рече дека од самиот почеток ја говорел вистината без разлика на казната.

- Не негирав туку и на нејасни снимки потвдував. Дообјаснував работи со цел судот да добие јасна слика. Немав сознание дека Палевски сакал да убива. Зарем би копал дупка и би ја маскирал како влезна врата кога би знаел дека лицето треба да се убива. Не, туку би копал гроб. Палевски никогаш не спомнуваше убиства. Знаев дека треба да биде жена на познат фармацевт од која лесно ќе земел пари. И тоа по кажување на Палевски. Обвинителството упорно турка дека сме имале контакт со Александар. Не го познавам, а како дадов изјава дека го знам веќе кажав – со ќотек. Некој овде лаже. На мое големо разочарување сум уценет со животот на мојата фамиија и мене самиот од Палевски. После првото убиство каде што требаше да биде чувана жената го прашавме: каде со втората личност, ова не бил планот. Ни рече – ќе импровизирам, откри Манев.

- По убиството Палчо нè натера да копаме дупки на смзнатата земја. Без згрозен, но морав да молчам поради уцената. Ги зачував снимките од мојот ресивер, да ги избришам снимките, но така тој ќе имаше алиби а виновници за убиството на Панче ќе бевме јас и Боре.

За синиот ранец

- Во канцеларијата дојде Зоран Давитков, член на Десна. Дека ранецот е кај него дознав од Палевски кога ми се јави од турска граница и ми рече „пакетот што е кај Зоран да го уништи“””.

Згрозен сум од овој човек што му ја дадов душата на тацна. Ме манипулираше и подготвуваше како глинен гулаб. Не можев ова ни да го замислам. Бев заслепен од неговиот успех и му поверував во неговиот план за грабнување. Ме убеди дека ќе биде жена, ме внесе во темна просторија за да не можеме да го видиме лицето, дека одбрал патишта без камери. Не знаев дека ќе убива – немаше да прифатам никогаш. Седам овде со чувство на срам кој ќе ме јаде додека сум жив. Во главата ми идат слики од убиството кое ќе ме боли додека сум жив. Ова ми се случи од човек на кого толку му верувам иако ме предупредуваа да не му верувам. За него трчав до Задар да му барам адвокат да ми го направи ова. Испаднав голема наивна будала која си го зацрни животот, заврши Манев

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk