logo
logo
logo

Агенција за храна и ветеринарство: Немаме ингеренции за издавање дозволи за работа на угостителски објекти

Vecer | 18.06.2025

Агенција за храна и ветеринарство: Немаме ингеренции за издавање дозволи за работа на угостителски објекти

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека не располага со ингеренции во врска со прашањата кои беа поставени на прес-конференцијата од в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој бараше одговорност за издавање дозволи за работа на угостителски објекти.

Агенцијата за храна и ветеринарство е овластена за контрола на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните. За прашањата поврзани со заштита и здравје при работа АХВ не е надлежна, исто како што не е задолжена ниту за издавање HACCP елаборати или за приклучување на електрична енергија. За регистрација на операторите со храна, од операторите се бара да поднесат барање, документи за упис во Централен регистар, доказ за користење на објектот (имотен лист, купопродажен договор, закуп и слично) и доказ за платена административна такса. Кај дискотеките се регистрира само шанк просторот каде се служат пијалаци, се вели во соопштението на АХВ.

Во агенцијата дополнуваат дека инспекциските контроли кај операторите со храна се изведуваат и редовно, според Годишен план, и вонредно – по работен налог или по поднесена претставка или иницијатива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk