logo
logo
logo

Ученикот беснее - родителот плаќа!

„ЧАЛАМОТ“ ВО ШКОЛО СКАПО ЌЕ ЧИНИ - 250 евра за секое сторено насилство!

Vecer | 24.06.2026

„ЧАЛАМОТ“ ВО ШКОЛО СКАПО ЌЕ ЧИНИ - 250 евра за секое сторено насилство!

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат измените на законите за основно и средно образование, со кои се предвидува глоба од 250 евра за родители на ученици сторители на насилство.

Казната ќе се изрекува за секое сторено насилство, како и во случаи кога родителот или старателот не соработува со училиштето во постапките за спречување и надминување на насилството.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, изјави дека измените се одговор на сè почестите случаи на врсничко насилство и имаат цел да ја зајакнат одговорноста на родителите.

Според предлогот, училиштето ќе биде должно во рок од три дена по изречена педагошка мерка да го извести Државниот просветен инспекторат, кој потоа ќе може да изрече глоба за родителот.

Со измените се предвидуваат и појасни правила за формирање паралелки со помал број ученици, како и поголема флексибилност на општините во управувањето со средствата за образование. Предлог-законите сега треба да бидат разгледани од надлежните собраниски комисии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk