logo
logo
logo

ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ - МВР со посебен режим во Скопје за Велигден

Vecer | 10.04.2026

ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ - МВР со посебен режим во Скопје за Велигден

СВР Скопје најави дека утре од 18:00 часот ќе стапи во сила посебен сообраќаен режим во центарот на градот и во општините Ѓорче Петров и Аеродром поради прославата на Велигден.

Затворени за сообраќај ќе бидат главните потези околу Соборниот храм, вклучувајќи делови од булеварите „Партизански одреди“, „Св. Климент Охридски“ и улицата „Теодосиј Гологанов“.

Дополнително, ограничувања ќе има и во близина на црквите во Ѓорче Петров и Лисиче, а по потреба полицијата ќе затвора и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Автобусите на ЈСП ќе возат по изменети траси преку „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Илинден“. Од полицијата бараат максимално почитување на сообраќајната сигнализација и упатствата од службените лица за да се избегнат метежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk