logo
logo
logo

Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица кај Матка започнува одбележувањето на големиот христијански празник

Vecer | 27.08.2025

Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица кај Матка започнува одбележувањето на големиот христијански празник

Во пресрет на утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир кај Матка во 18:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а во 22:45 часот ќе започне сеноќното бдение.

Утре, на самиот празник Успение на Пресвета Богородица во 8:30 часот ќе започне светата божествена литургија, која поради големиот број верници ќе биде во дворот на манастирот.

Традиционално во манастирот на празникот се одржува и крводарителска акција, како и сенароден собир, на кој се дели празничен ручек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk