logo
logo
logo

ВЛАДАТА ФУНКЦИОНИРА ОБЕДИНЕТО И ЕДИНСТВЕНО, има 2/3 поддршка (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2025

ВЛАДАТА ФУНКЦИОНИРА ОБЕДИНЕТО И ЕДИНСТВЕНО, има 2/3 поддршка (ВИДЕО)

Оваа Влада би рекол има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето за можното напуштање на Коалицијата од страна на министерот за здравство Арбен Таравари.

-Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари, само би кажал влдадата функционира обединето, единствено. Оваа Влада би рекол има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат, така што за разлика од минатото кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овој пат тоа е стабилно и треба да ја оставиме владата да работи, рече Мицкоски.

Инаку, ремиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Тетово, каде што заедно со градоначалникот на општината Билал Касами и дел од владините министри извршија увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, I фаза од Фуштанска до село Порој“.

Проектот опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.

Вкупната должина на булеварот изнесува 1.783 метри, а со првата фаза се реализирани 650 метри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk