logo
logo
logo

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ФАБРИКАТА НА „ШАХТЕРМ“ Инвестиција од 100 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Vecer | 17.05.2025

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ФАБРИКАТА НА „ШАХТЕРМ“ Инвестиција од 100 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Денес беше поставен камен-темелник на нова фабрика, а вкупната вредност на инвестицијата е 100 милиони евра, предвидена е изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање 1000 работни места. Инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

„Инвестицијата на компанијата „Шахтерм“ само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Ова е проект што не само што ја развива економијата, туку и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја, со што ќе придонесе за зајакнување на македонската индустрија и извоз.

Последните економски показатели се охрабрувачки: индустриското производството во март 2025 година е пораснато за 5,2% на годишно ниво споредено со март 2024 година. Странските директни инвестиции за 2024 година достигнаа 1,255 милијарди евра, со што ја направија Македонија земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа.

Инфлацијата во март месец е под 3%, 2,7%, а во април е 2,6% на годишно ниво.

Платите растат од 9 до 10% на годишно ниво, што е знак дека се бориме против сиромаштијата и сме за зголемување на животниот стандард на нашите граѓани.

Во првиот квартал од 2025 година имаме раст на кредитната активност на бизнисите и граѓаните од 13% коишто е за 6 пати повеќе од оној којшто е во рамките на Европската Унија. И можам да заклучам со сите овие економски показатели, параметри Македонија е на добар пат да биде во најбрзо растечките економии во Европа“ посочи премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен-темелникот.

Тој посочи дека Владата дава максимални напори, и покрај хаосот кој го затекна. Посебно се заблагодари на Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, до неговата екселенција амбасадорот на Република Турција во Македонија, до членовите на Владата и на сите институции за нивната посветеност, професионалност и огромен придонес во реализирањето на овој проект.


Мицкоски му се заблагодари и на сопственикот на компанијата „Шахтерм“, затоа што ја препозна нашата земја како дестинација во којашто може да го развива својот бизнис и заедно да освојуваме нови пазари и нови континенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk