logo
logo
logo

РЕСТАРТ ВО ОДБРАНАТА: Од касарни без вода до нови објекти и достоинствени плати

Vecer | 30.04.2026

РЕСТАРТ ВО ОДБРАНАТА: Од касарни без вода до нови објекти и достоинствени плати

Министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше во Собранието каде одговараше на пратенички прашања во врска со Колективниот договор.

Мисајловски своето обраќање го започна со одговарање на прашањето за Колективниот договор каде прво ја истакна ревизијата од Државниот Завод за ревизија.

Постапката за носење е незаконска, во февруари 2024 година бидејќи немаат добиено мислење од Министерството за финансии, не се обезбедени средства, не се обезбедени финансии во Буџетот тековни, исто така не е пријавен во регистарот што го води Министерството за труд. Ова потврдува дека се превземени финансиски обврски без обезбедени средства во Буџетот. Тоа Вие добро го знаете. Дали Колективниот договор се донесе во вечерни часови, пред распишување на изборите објавен во Службен Весник истиот ден кога се распишале изборите. Дли знаете дека тоа е противзаконски?, праша министерот за одбрана.

Тој потенцира дека е објавен во Службен Весник и дека опозицијата сака да се фали со тоа, но прашањето кое го упати е: Дали имате исплатено нешто? – воедно одговарајќи дека тоа е „Нула денари“.

Откако јас сум министер ова го говорам често пати, и мислам дека тоа е добро за целата Армија, за сите вработени, се е исплатено, и за изминатите години што не сте плаќале, потенцира Мисајловски.

Министерот истакна дека вчера разговарал со дел од Синдикатите, но за нешто друго, да влезе во Колективниот договор, како да им помогнеме на сите оние војници што навршуваат 45 години, и да сменат закон и како да ги подобрат условите.

Ќе има подобар Колективен Договор, заеднички со сите Синдикати ќе го направиме, дециден е Мисајловски и упати прашање: Зошто Вие не ги обезбедивте средствата во Буџетот? И како ги кочевте проектите со што ја нарушувавте борбената способност? Дали вам Владата ви даде согласност да донесете Колективен Договор?

Мисајловски потенцира дека ова е од извештајот на Државниот завот за ревизија и дека опозицијата сакаат да го извадат како нивен проект, но доколку тоа е така прашањето е зошто немало никаква исплата по тој основ и дали знаат дека членови од колективниот договор паѓаат на Уставен суд.

Честопати велам историски најголем буџет и така е, и Вие го гласавте тука во Собрание. А целта е дека немавте ни чизми набавено, ниту униформи, и кога јас дојдов за министер немаше ни вода во касарните, дали имате некој капацитет, еве дали имате некој проектен дизајн, праша Мисајловски.

Министерот Мисајловски се осврна за тоа како се зголемил проектот за Леонардо за 37 милиони евра и тоа во екот на избори, потенцирајќи дека тоа го интересира и сиот народ.

Со Леонардо го заглавивте Буџетот и тоа за 3 години го заглавивте министерството, дали знаете дека има допис од началник на генералшабот каде што вели дека со тоа сте ја нарушиле борбената готовност, и ќе ви дадам аргументи за кои можете да ги видите, рече Мисајловски.

Реално е дека ќе има многу нови проекти, каде моментално се проектираат многи нови капацитети, во секоја касарна ќе има нов објект. Еве ви кажувам од оваа говорница дека ќе се борам за поголеми плати, како расте Буџетот така да бидат поголеми платите и на луѓето вработени во министерството, но и се разбира на сите војници и старешини, а не да носам Колективен договор па да побегнам, потенцира Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk