Драги Митковски-Книга, поранешен близок соработник и експријател на ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе серија тврдења за настаните и разговорите што, според него, се одвивале во периодот пред парламентарните избори. Во разговорот, Митковски сведочеше за политички калкулации, амбиции и конфликти во кои, како што тврди, била вклучена самата Арсовска.
Книга: Одреден период пред парламентарните избори муабетите беа веќе одеа во таа насока дека Мицкоски нема да биде премиер ради тоа што нема да ги убаци Бугарите во Устав, него ќе го сменат и ќе мора да се направи техничка влада.
Ландов: Ова Данела го зборува? Да. Со вас?
Книга: Да, да, да, и дека можеби ДУИ ќе ја предложи за технички премиер.
Ландов: Аха. Да сфатам Данела се надевала дека ќе биде технички премиер наместо Мицкоски? Математиките не излегле како што треба?
Книга: Така е, и она идеше на состаноци со господинот Aли Aхмети во општина Сарај. Се скаравме таа ме обвини дека јас сум седел со Христијан Мицкоски во Воденица и сум договарал да ја убедам да си даде оставка. Јас и Мицкоски да седиме во Воденица ќе знае пола држава.
Зошто Драги Книга не се вклопи во приказната на Данела Арсовска на Блерим Беџети?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата