logo
logo
logo

СЕММ: Интернет порталите со најмногу прекршувања, 58 случаи потврдени како неетички

Vecer | 16.02.2026

СЕММ: Интернет порталите со најмногу прекршувања, 58 случаи потврдени како неетички

Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија минатата година добила 244 жалби за неетеичко известување во медиумите, што е најголема бројка досега, информираа денеска од СЕММ.

Од нив 145 биле без основа за разгледување, а Комисијата разгледала и донела одлуки за 96 жалби. Најчесто прекршувањата се однесувале на членовите еден, три и десет од Кодексот на новинарите. Најголем број од жалбите се однесуваат на содржини објавени на интернет порталите, 78, во печатените медиуми и нивните веб изданија 11, на веб страниците на телевизиите, шест, и една жалба за содржина емитувана на телевизија.

Како што информираат од СЕММ, од разгледаните 96 жалби минатата година, за 58 се донесени одлуки дека постои прекршување на Кодексот, а за 32 дека не постои. Шест жалби се решени со медијација. Најчести подносители на жалбите во 2025 година биле политичарите, носителите на јавни функции и институциите, кои доставиле 36 жалби, потоа граѓаните со 25, организациите и здруженијата од граѓанскиот сектор со 22, а медиумите и новинарите и политичките партии со по шест жалби.

Според Леунора Калиќи, претседателка на Управниот одбор на СЕММ, бројките не се само статистика, туку укажуваат дека Советот е организација со кредибилитет и интегритет со доверба кај граѓаните и организациите, како столб на одбрана на професионалното и етичкото новинарство.

„Фактот дека се разгледани 96 поплаки укажува каде би требало да реагираме и каде може да интервениране за да добиеме појасна слика и подобрување во медиумскиот простор во следниот период. Информациите веќе се преместени во онлајн просторот и од тие причини за онлајн медиумите се однесуваат и најголем број од жалбите, а најголем број од нив се однесуваат на три членови од Кодексот, што значи дека и годинава ќе треба да работиме на медиумска писменост“, вели Калиќи.

Билјана Георгиевска, извршна директорка на СЕММ, вели дека статистичките податоци секоја година покажуваат различни трендови во поднесувањето на жалби до Комисијата. Во 2024 година имало голем број на лажни жалби во име на големи институции, што покажало злоупотребување на алатката за медиумска саморегулација, додека во 2025 година голем број на жалби биле поврзани со трагедијата во Кочани.

„Во само еден ден, непосредно по погребот на жртвите од катастрофалниот пожар, до Советот стигнаа преку 140 жалби. Секоја минута стигнуваше по една жалба што за нас беше многу необична ситуација која наликуваше на оркестриран дигитален напад, не само врз СЕММ, туку и врз медиумите, особено за содржините и начинот на известување поврзани со погребот. Тие главно влегоа во пакетот жалби кои се поднесени без основа, бидејќи се однесуваа на странски медиуми, од регионот, но и на телевизии од Индија“, вели Георгиевска и објаснува дека во проверката на автентичноста се утврдило дека доаѓаат од мејл адреси за една употреба или од непостоечки телефонски броеви на кој никој не одговара.

Снежана Трпевска, претседателка на Комисијата за жалби вели дека иако постои мислење дека одлуките на комисијата не се релевантни и не можат многу да променат, искуството вели дека за добар дел од медиумите на кои тие се однесувале им било важно и дека не им е сеедно кога ќе се посочат дека направиле етички пропуст.

„Од статистиката може да се види дека најголем број жалби се за интернет порталите, што укажува на тоа дека на публиката и е многу полесно материјалот за кој што се жали да го обезбеди на интернет, но и дека дел од традиционалните медиуми, како телевизиите подобро ги познаваат етичките правила“, вели Трпевска.

Таа посочува дека дел од жалбите се однесувале и на новите форми на новинарство, поточно подкастите, кои се многу гледана и моќна форма што ја збогатува креативноста и јавната дебата, но во која има и многу непрофесионализам и поединци кои работат како новинари, но не ги познаваат етичките стандарди. Трпевска вели дека донеле и одлуки кои се однесуваат на тоа дека не може да се објави текст со употреба на вештачка интелигенција без новинарот да ја контролира содржината.

Фирмата ЦБД Медплант во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

Иако Филипче тврдеше дека во негово време се било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а до вчера се сликаа со него, рече Петрушевски.

„Фирмата ЦБД Медплант, да потсетиме доби лиценца во 2020 година, токму од Заев и Филипче. Во тоа време и Филипче и Заев, сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење на марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет подзаконски акт во правилникот за одгледување на марихуана.

Затоа ли е паниката на Заев и Филипче толку голема? Дали се точни нашите информации дека овие двајца имаат удел во бизнисот со канабис и се фатени во тесно? Затоа ли повиците на Заев кон поединци во царина и патувањето на Филипче кон Грција се случуваат во тој период? Дали случајно има и плус висок поранешен функционер вмешан во нарко бизнисот на Заев и Филипче?

Клопчето се одмотува, крајот се гледа. ЈО да го истражи случајот до крај. Одговорност мора да има!“, нагласи Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk