logo
logo
logo

ВОНРЕДНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО СКОПЈЕ - Екипите на терен по силното невреме

Vecer | 01.07.2026

ВОНРЕДНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО СКОПЈЕ - Екипите на терен по силното невреме

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме кое го зафати главниот град.

Ѓорѓиевски вели дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција.

– Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети, вели Ѓорѓиевски.

Скопскиот градоначалник ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби за кои истакна дека се на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk