logo
logo
logo

За диви депонии да се казнува над 5 години затвор

МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА ПОДМЕТНУВАЊЕТО ПОЖАРИ ДА СЕ ОКВАЛИФИКУВА КАКО ТЕРОРИЗАМ

Vecer | 16.09.2025

МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА ПОДМЕТНУВАЊЕТО ПОЖАРИ ДА СЕ ОКВАЛИФИКУВА КАКО ТЕРОРИЗАМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам.

– Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години – нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце.

Премиерот информира дека уште во текот на вчерашниот ден Министерството за животна средина испратило допис до сите општини под итно да преземат мерки за расчистување на дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е место.

– Ги повикувам и несовесните граѓани кои ги формираат овие диви депонии да престанат да ги формираат, затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети – апелира Мицкоски.

Премиерот претходно рече дека се идентификувани дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите и оти постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните во предизборието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk