logo
logo
logo

1570 СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ

Vecer | 16.06.2025

1570 СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ

Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата, соопшти Министерството за образование.

Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти владината прес-служба.

„За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки“, се посочува во соопштението од Владата.

Како што се наведува, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата.

„Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава“, наведуваат од Владата.

Како Влада фокус се реформите во образованието за подобар и поквалитетен образовен процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk