logo
logo
logo

„Македонско село“ ЌЕ ЗАЖИВЕЕ

Vecer | 19.06.2025

„Македонско село“ ЌЕ ЗАЖИВЕЕ

По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.

Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.

Комплексот „Македонско село“ се состоеше од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот, според СОЗР, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk