logo
logo
logo

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија и Италија

ИТАЛИЈА И ДАВА НА МАКЕДОНИЈА ПРИСТАП ДО ИНСТИТУЦИОНАЛНИ МРЕЖИ, ПРОГРАМИ И ПАРТНЕРИ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Vecer | 11.06.2025

ИТАЛИЈА И ДАВА НА МАКЕДОНИЈА ПРИСТАП ДО ИНСТИТУЦИОНАЛНИ МРЕЖИ, ПРОГРАМИ И ПАРТНЕРИ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Во рамките на официјалната посета на Република Италија од делегација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, предводена од директорот Петар Богојески, во Рим беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу македонската и италијанската Национална агенција, предводена од директорката д-р Федерика Целестини Кампанари.

Овој стратешки документ претставува темел за унапредување на билатералната соработка во областите на образованието, науката, младите, спортот и културата, со што се отвораат нови перспективи за директна поддршка на македонските универзитети, училишта, младински организации и компании преку европски фондови од Брисел, чии финансиски капацитети се значително повисоки од оние кои се достапни преку националните програми.

Потпишувањето на ваков документ со една од основачките и водечки земји-членки на Европската Унија, Италија, претставува чин од особена важност за Република Македонија. Истовремено, тоа е јасен сигнал за проширување на европската солидарност и зацврстување на меѓусебната доверба и партнерство на полето на образовниот и научниот развој.

Со овој договор, корисниците од Република Македонија ќе добијат непосреден пристап до институционални мрежи, програми и партнери од Италија, со можност за заедничка реализација на проекти и и иницијативи од европски ранг.

Ова партнерство претставува уште еден чекор напред во заложбите на Националната агенција за создавање нови можности за македонските граѓани, во духот на европските вредности, меѓународната соработка и одржливиот развој.

Националната агенција изразува длабока благодарност до италијанските домаќини за топлиот прием и за визионерскиот пристап кон заедничката европска иднина на нашите млади генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk