logo
logo
logo

Манасиевски порачува дека на македонското правосудство му е потребен ремонт

Vecer | 25.11.2025

Манасиевски порачува дека на македонското правосудство му е потребен ремонт

Судии и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба. Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување на платите, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Група на поединци како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, тогашни високи функционери во правосудството, беа фатени како земаат мито за да влијаат врз пресуда во вредност од 10.000 евра, а за ова кривично дело и двајцата се спогодија со судот, односно ја надиграа правдата. Со кое лице и како очекуваат од народот и граѓаните, луѓе како Ѓорѓиев и Мемети, да бараат зголемување на и онака високите плати? Како народот да очекува правда, кога истите овие луѓе кои земаа по 10тина илјади евра мито, се спогодија со судовите? Како може народот да очекува правда и одговорност кога кој е тој што ја гарантира независноста на оние судии и обвинители кои се спогодиле со Ѓорѓиев и Мемети? Кој гарантира дека нема да влијаат истите и врз некои други предмети? – истакнува тој.

Манасиевски порачува дека на македонското правосудство му е потребен ремонт.

– Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Заради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз, истакна тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk