logo
logo
logo

Почина еден од обвинетите за пожарот во Кочани, генерален инспектор од Дирекцијата

Vecer | 19.06.2026

Почина еден од обвинетите за пожарот во Кочани, генерален инспектор од Дирекцијата

Јавното обвинителство соопшти дека е известено за смртта на Љупчо Грнчиштанов, поранешен генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување и еден од обвинетите во предметот за трагедијата во Кочани.

Според информациите од Обвинителството, Грнчиштанов починал откако му се слошило во неговиот дом. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Грнчиштанов ја извршувал функцијата генерален инспектор и раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 15 јануари 2013 до 16 март 2025 година.

Тој беше меѓу 38-те обвинети во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и се товареше за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“.

Судската постапка за трагедијата е во фаза на изведување докази, а следното рочиште е закажано за 25 јуни, кога Обвинителството ќе продолжи со презентирање на материјалните докази.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група ДНК во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk