Во СВР Скопје е пријавено дека во четвртокот околу 15:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј., од друга страна, сите од Скопје.
Од скопската полиција велат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата