logo
logo
logo

ПОЧИНА ПОМОШНИК ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА „Тасевски замина тивко, каков што и беше“

Vecer | 08.08.2025

ПОЧИНА ПОМОШНИК ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА „Тасевски замина тивко, каков што и беше“

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на својот профил на Фејсбук објави дека починал помошник директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски.

Таа напиша дека Тасевски бил исклучителен професионалец, скромен и посветен човек, кој до последен момент бил посветен на работата.

„Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме“, напиша министерката.

Во својата порака, таа истакна дека Тасевски до доцна во ноќта работел на последните измени на Уредбата за спроведување на царинскиот закон, покажувајќи исклучителна професионалност и посветеност.

„Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти“, напиша таа.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази искрено сочувство до семејството на Марјан Тасевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk