logo
logo
logo

Зошто ФИЛИПЧЕ МОЛЧИ КОГА РАДЕВ ТВРДИ ДЕКА ДЕЛЧЕВ, САНДАНСКИ и браќата Миладиновци се Бугари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 27.05.2026

Зошто ФИЛИПЧЕ МОЛЧИ КОГА РАДЕВ ТВРДИ ДЕКА ДЕЛЧЕВ, САНДАНСКИ и браќата Миладиновци се Бугари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Уставните измени не се последниот услов за Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а лидерот на СДСМ Венко Филипче е спремен да ги поддржи - рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија Венко Филипче – рече Манасиевски.

Тој праша зошто од Филипче нема осуда за изјавите на премиерот на Бугарија Румен Радев кој вели дека македонските револуционери Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари, браќата Миладиновци исто така се Бугари, а основоположниците на словенската писменост Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, биле дел од бугарската историја.

– Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува. Радев вели дека пред 1945 година сме биле Бугари, Филипче не осудува. Македонската историја Румен Радев ја претставува како бугарска, а Филипче не осудува – рече Манасиевски.

Тој рече дека ова е важно затоа што граѓаните имаат право да знаат какви отстапки би следеле понатаму доколку СДСМ и Филипче повторно добијат можност да одлучуваат за државните позиции.

– Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство, а не само за внесување на неколку илјади Бугари во Уставот. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk