logo
logo
logo

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Vecer | 19.06.2025

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Безживотно тело беше откриено денеска околу 14 часот во близина на Градскиот кеј, во водите на Охридското Езеро.

Оттаму, од Секторот за внатрешни работи во Охрид изјавија дека на телото не се забележани знаци на насилство.

– Засега не можеме да дадеме прецизни информации бидејќи телото ќе биде препратено на обдукција. Повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на постапката. Местото е обезбедено и истрагата е во тек за да се утврдат причините и околностите кои довеле до овој трагичен настан – изјави портпаролот Стефан Димоски.

Екипата на итна медицинска помош која пристигнала на лице место само ја констатирала смртта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk