logo
logo
logo

ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА МАКЕДОНИЈА, поради успешните реформи, рече Милошоски

Vecer | 03.07.2026

ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА МАКЕДОНИЈА, поради успешните реформи, рече Милошоски

Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер по однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Според правилата на планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на постигнати реформи и тука Албанија, Македонија и Црна Гора се оценети со највисока оценка за разлика од други земји кандидати во регионот, додаде тој.

Оваа потврда од Европската комисија дека Македонија ги спроведува обврските од Реформската агенда, односно дека има значителен напредок е силна потврда, но исто така и мотивација за македонската Влада и за парламентарното мнозинство да продолжиме со ова темпо, рече Милошоски.

Како држава ја поздравуваме оценката на Европската комисија, како и нивниот план за реалокација на средства од Планот за раст, при што од оние земји коишто постигнале послаби реформи би се одзеле одреден дел на средства и истите би се алоцирале кон Албанија, Македонија и Црна Гора како земји коишто предничат во спроведувањето на реформите согласно Реформската агенда, рече Милошоски.

Со овие проценки на Европската комисија, за жал на Венко Филипче, се растура нивната манипулација дека Македонија заостанува во реформите, но оваа проценка од Европската комисија ни дава за право да упатиме еден апел до претседателот на СДС, Филипче, доколку Европската комисија ги препознава реформите коишто Македонија ги има постигнато, тогаш барем тој како претседател на оваа опозициона партија да не ги попречува законите коишто се дел од обврските во Реформската агенда, исто како и Изборниот законик и да биде прагматичен во интерес на државата, да дозволи и овој закон да биде изгласан и со тоа Македонија да си го зацврсти и својот углед во Брисел пред Европската комисија и да си овозможи добивање на поголем дел на средства од Планот за раст, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk