logo
logo
logo

Зарем партнерот на Заев и Ахмети, “бизнисменот“ Дака, ќе го поврзуваат со ВМРО ДПМНЕ?!

Vecer | 01.04.2026

Зарем партнерот на Заев и Ахмети, “бизнисменот“ Дака, ќе го поврзуваат со ВМРО ДПМНЕ?!

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма децидно изјави дека ниту Миодраг Давидовиќ – Дака, ниту било која негова компанија нема да гради енергетски објекти во Македонија.

Николоски нагласи дека како поранешен опозиционер бил најголем критичар на ваквите бизнис иницијативи и дека власта сега го прифатила раното предупредување за да спречи вакви инвестиции.

Објаснувајќи ја постапката за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти, вицепремиерот Николоски појасни дека овој документ е само иницијален план за утврдување на стартните позиции. Според него, по овој чекор следуваат бројни фази, вклучувајќи урбанизација, еколошки студии и студии за влијание врз социјалната средина. Целиот процес завршува со усвојување од страна на Министерството за енергетика, што потоа мора да биде потврдено и од Владата.

Николоски потенцираше дека во фазата на овластување се бара и банкарска гаранција во вредност од најмалку 25 илјади евра по мегават, со цел да се гарантира реализацијата на инвестицијата.

Токму во таа етапа се проверува и потеклото на капиталот, како и сопственоста на компаниите. Тој истакна дека работата на опозицијата е да предупредува и критикува, а власта во оваа рана фаза го прифатила тоа предупредување, гарантирајќи дека ниту Давидовиќ, ниту компанија поврзана со него нема да гради во државата.

Како поткрепа на овој став, министерот потсети на неговиот ангажман од 2020 година кога прв ја отвори аферата за „Шик Јелак“ во Тетово. Николоски наведе дека тоа бил првиот зелен детален урбанистички план усвоен по тогашните парламентарни избори и додаде дека токму тој случај бил причината зошто Теута Арифи не заминала за амбасадор во Вашингтон. Вицепремиерот заклучи дека стои зад секој збор кажан во опозиција и дека нема да се дозволи изградба на каков било објект поврзан со споменатиот бизнисмен или неговите компании.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk