logo
logo
logo

СЕ ПРЕВРТЕЛ КАМИОН СО „СЛЕПИ ПАТНИЦИ“ Една мигрантка починала, а седум се повредени

Vecer | 19.11.2025

СЕ ПРЕВРТЕЛ КАМИОН СО „СЛЕПИ ПАТНИЦИ“ Една мигрантка починала, а седум се повредени

Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел.

Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција.

„Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител изврши екипа од ОВР Гевгелија“ – се наведува во полициското соопштение.

Инаку, од ТППЕ Струмица денеска објавија дека во 08:00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествувале во извлекување на лица од излетано и превртено товарно моторно возило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk