logo
logo
logo

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички СЕ ПОД ИСТРАГА ВО АЛБАНИЈА

Vecer | 21.11.2025

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички СЕ ПОД ИСТРАГА ВО АЛБАНИЈА

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Забрането ѝ е да ја напушта и Албанија. СПАК вчера ја обвини за местење тендери во кои како фирми се јавуваат и албанските компании „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“ кои изминативе две години беа дел од две одвоени афери и во Македонија.

Доцна синоќа СПАК официјално соопшти и детали од случајот, а заедничко за двата тендера е што добитниците биле однапред договорени.

Обвинетата Белинда Балуку, во соработка со членовите на Комисијата за евалуација на понуди, обвинетите Евиз Бербери, Гентиан Ѓули, Ералд Елези, Јетмира Дервиши и Мирзета Кашница, однапред го утврдиле добитникот на постапката за јавна набавка за тунелот Логара, создавајќи неправични предности и привилегии“, се наведува во соопштението на СПАК.

Исто било откриено и во постапката за изградба на надворешната сообраќајна обиколница број 4 околу Тирана.

Балуку, во соработка со обвинетиот Евиз Бербери, членовите на Одделението за јавни набавки, лицата, членовите на Комисијата за евалуација на понуди., однапред го утврдиле добитникот на оваа постапка за јавна набавка“, се наведува во соопштението на СПАК.

Во албанскиот регистар за јавни набавки, тендерите ги добиле фирмите „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“.

Компанијата „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ во 2021 година ја добила работата за пробивање на тунелот под планината Логара. Тој сега сообраќајно ги поврзува Валона и јужното јонско крајбрежје, но тендерот бил поништен, а од албанската фирма не се жалеле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk