logo
logo
logo

40% помалку жртви!

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СЕ ШИРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: По Скопје, Тетово и Куманово, камери се поставуваат и во овие градови!

Vecer | 30.06.2026

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СЕ ШИРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: По Скопје, Тетово и Куманово, камери се поставуваат и во овие градови!

Конкретни и мерливи резултати во првите пет месеци од целосната примена на системот „Безбеден град“ покажуваат драстично подобрување на безбедноста на патиштата во Македонија. Бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за огромни 40 проценти – од 55 жртви во истиот период минатата година, оваа година бројката е сведена на 33, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од владејачката партија, овие показатели потврдуваат дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за поодговорно однесување во сообраќајот, со цел до 2030 година значително да се намалат смртните случаи и тешките повреди на патиштата.

По успешното воведување во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, како и на клучните коридори 8 и 10, проектот продолжува масовно да се шири низ цела држава со цел да се покријат сите критични точки.

Во изминатиот период веќе се поставени камери кај Ново Село во општина Дебарца, а официјално започна и постепената имплементација на системот во Охрид. Од владејачката партија најавуваат дека  безбедноста на граѓаните останува еден од највисоките приоритети.

Пробниот период на „Безбеден град“ започна на 1 декември минатата година и веднаш ја покажа реалната и загрижувачка состојба на патиштата. Во првите 24 часа беа регистрирани околу 110.000 прекршоци (најмногу за брзина), како и 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила.

Сепак, веќе по првиот ден беше забележан пад на прекршоците за речиси 50 проценти. До официјалниот почеток на целосната примена, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се сведе на само 500 до 600, што претставува намалување од повеќе од 99 проценти.

Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Владата останува посветена на модернизација и дигитализација со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност, обезбедувајќи ги сите потребни законски предуслови транспарентно и според европски стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk