logo
logo
logo

И СТЕВО РАБОТИ ЗА ВМРО ДПМНЕ! Нов “предавник“ на листата на Филипче и Заев

Vecer | 04.04.2026

И СТЕВО РАБОТИ ЗА ВМРО ДПМНЕ! Нов “предавник“ на листата на Филипче и Заев

Се нижат нови критики одвантре на сметка на сегашното раководтсво на СДСМ и нивната политика без идеја, без програма, а составена од клевети, навреди и лажни вести со што партијата се претвори во таблоид и рекла-казала друштво кое не добива ни внимание ни поддршка во јавноста.

Наместо сериозно да ги арзберат лошите изборни резултати и постојаниот пад на рејтингот Филипче и Заев заглавуваат се повеќе па во врвот на партијата влезе компромитираниот син на Љубомир Фрчоски, Јон Фрчкоски а и човекот кој смени три партии во кариерата, Андреј Жерновски кој со СДСМ нема никаква врска а сите партии во кои преходно бил функционер се или распаднати или маргинализирани.

Сите поранешни функционери од редот на СДСМ кои досега се осмелија јавно да укажат дека партијата се распаѓа, ги напушта своите корени и принципи и се претворила во бригада за заштита на Зоран Заев и Филипче во однос на нивната корупција - сегашното раководтсво на СДСМ ги прогласи за предавници кои работат по проект на ВМРО ДПМНЕ.

Сега имаат нов лик во листата на “предавници кои работат за ВМРО“.

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.

Пендаровски ценува дека актуелната политичка состојба е парадоксална: иако владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.

-Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело – вели Пендаровски.

Со ова, поранешниот претседател директно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување, односно во стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Пендаровски предупредува дека со актуелниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош резултат на следните избори.

-Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка – вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk