logo
logo
logo

Во само една набавка Владата помогнала со 15 милиони евра народни пари

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ЕМ ГО КРАДЕЛЕ, ЕМ ГО ТРУЕЛЕ НАРОДОТ СО КАНЦЕРОГЕН МАЗУТ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 13.03.2025

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ЕМ ГО КРАДЕЛЕ, ЕМ ГО ТРУЕЛЕ НАРОДОТ СО КАНЦЕРОГЕН МАЗУТ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и ДУИ целиот свој мандат го потрошија да постават лица во судството и обвинителството кои ќе ги штитат нивните криминални активности, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ треба да се освети и да размисли, а ако не знаат, да прашаат како тече постапка за осомничени за кривични дела. На нивниот претседател Венко Филипче, кој беше министер за здравство заклучно со 16 јануари 2022 година, око не му трепнувало додека седел во владата на Зоран Заев и давал зелено светло, како и пари од буџетот за набавка на канцероген мазут. Владата на Заев во која Филипче е министер за здравство, за само една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и Заев ем го краделе, ем го труеле народот, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk