logo
logo
logo

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ

Vecer | 17.11.2025

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата, следува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени локални врнежи од дожд, соопшто Управата за хидрометеолошки работи (УХМР).

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и ретки грмежи.

Во текот на следните 24 часа се очекува да наврне поголемо количество дожд (над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15 до 25 литри на метар квадратен). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk