logo
logo
logo

ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ КАЈ КРАЛОТ ЧАРЛС ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА

Vecer | 24.10.2025

ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ КАЈ КРАЛОТ ЧАРЛС ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет а тет средбите со премиерот Кир Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од Кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои беа примени од Кралот, истакна вицепрeмиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на Радио Лидер.

Ова, според вицепремиерот Николоски, ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.

– Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имаме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија кога Македонија требаше прв пат да ги почне преговорите. Потоа имавме средби со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски со премиерот Стармер, имаше два разговори со премиерот Стармер, една тет а тет средба и втора неформална средба. Имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на оваа држава. Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред сѐ, за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Балканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата – рече Николоски.

Тој додава дека оваа посета ќе остане во историјата и дека ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто од што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk