logo
logo
logo

Стоилковиќ: Честит Меѓународен ден на Бошњаците!

Vecer | 28.09.2025

Стоилковиќ: Честит Меѓународен ден на Бошњаците!

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да упатам искрени честитки по повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, порача во честитката заменик-претседателот во Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

- Овој значаен ден не е само симболичен датум, туку и жив потсетник на истрајноста, културната самобитност и значајниот придонес на бошњачката заедница во севкупниот развој на македонското општество.

Нејзиниот придонес во културата, образованието, економијата и јавниот живот претставува пример за вредности како што се соживот, дијалог и солидарност – вредности кои се од суштинско значење.

Министерството за односи меѓу заедниците и понатаму останува цврсто посветено на промовирање и заштита на правата на сите етнички заедници, како и на создавање услови за посилна социјална кохезија и меѓуетничка интеграција – вредности што се суштински за стабилноста, просперитетот и инклузивноста на нашето општество.

Меѓународниот ден на Бошњаците е повик и поттик – да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина преку разбирање, еднакви можности и заемна почит.

Во духот на овие вредности: Честит Меѓународен ден на Бошњаците!, порача Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk