logo
logo
logo

Вицепремиерот Стоилковиќ со српската вицепремиерка Месаровиќ потпишаа меморандум за соработка

Vecer | 03.12.2025

Вицепремиерот Стоилковиќ со српската вицепремиерка Месаровиќ потпишаа меморандум за соработка

Во Владата на Македонија денеска беше потпишан меморандум за соработка со Република Србија.

Меморандумот беше потпишан од страна на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.

Претходно, вицепремиерот Стоилковиќ и српската министерка за економија Месаровиќ остварија заедничка средба на која беше разговарано за билатералната соработка и за нејзино интензивирање.

Потпишувањето на Меморандумот претходеше на македонско-српскиот бизнис форум којшто се одржува во скопскиот хотел „Александар Палас“, а на кој се присутни над 200 компании и најмалку 300 учесници.

При вчерашната посета на Стоилковиќ и Месаровиќ на компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“ беше оценето дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија и дека тенденцијата е размената да се зголеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk