logo
logo
logo

21 ВЕК, НЕМА ТОПЛА ВОДА за студентите во Пелагонија

Vecer | 23.11.2023

21 ВЕК, НЕМА ТОПЛА ВОДА за студентите во Пелагонија

Во 21 век, речиси 2024 година, студентите во Македонија се соочуваат со недостиг на топла вода.

Како што соопштија од Студентски отпор загрижувачка е ситуацијата во студентскиот дом „Пелагонија“, каде веќе со недели нема топла вода.

Од здружението Студентски отпор велат во 21 век, научна фантастика е студентите да имаат топла вода.

Веќе со недели студентите од студентскиот дом „Пелагонија“ немаат услови за извршување на најосновните секојдневни потреби како туширање со топла вода. Ова е прашање од голема важност особено важно за добросостојбата на студентите сместени во домот. Додека студентите си ги бараат своите основни права, директорот вината им ја префрла токму на студентите велејќи дека тие ја злоупотребуваат и ја трошат топлата вода непотребно. Итно бараме ваша помош за споделување на овие информации со пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат информирани за ситуацијата во студентските домови и ја охрабруваме соработката со вас и со јавноста за да се реши овој проблем навремено, велат од Студентски отпор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk