logo
logo
logo

Поранешните директори на Онкологија одат во притвор

Vecer | 20.06.2025

Поранешните директори на Онкологија одат во притвор

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да им одреди ефективен тридесетдневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи. Судот ја уважи жалбата на обвинителството, заменувајќи ја мерката куќен притвор со ефективен притвор.

Иако адвокатите на обвинетите ја докажуваа нивната подготвеност за соработка со институциите и напоменаа дека нивните клиенти немаат намера да се дадат во бегство, судот го прифати ставот на обвинителството дека единствена гаранција за непречено водење на судската постапка е одредување притвор.

Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека притворот е потребен за да се обезбеди присуството на обвинетите и успешно спроведување на кривичната постапка. Васев во своето обраќање побара чесно судење и можност да се брани од слобода, а Нухи посочи дека нема намера да бега бидејќи се грижи за својот семеен и професионален углед.

Против поранешните директори се поднесени две обвиненија. Првото се однесува на незаконско економско работење, каде со нивните дејствија е предизвикана штета од 36 милиони евра на буџетот. Второто се однесува на несоодветен медицински третман на пациенти, што довело до значително нарушување на здравјето кај 29 лица, а на две пациенти им била дадена биолошка терапија без ефект.

Почетокот на судскиот процес за второто обвинение е закажан за 11 јули. Со оваа мерка се очекува да се обезбеди присуството на обвинетите и ефикасен тек на процесите кои следуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk