logo
logo
logo

Мицкоски најави ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ од 120 милиони евра и над 1.500 нови работни места

Vecer | 26.12.2025

Мицкоски најави ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ од 120 милиони евра и над 1.500 нови работни места

Три нови странски инвестиции во вредност од 110 до 120 милиони евра, кои ќе отворат повеќе од 1.500 нови работни места, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Инвестициите ќе бидат во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацијата, со локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје, а инвеститорите се од Германија, Турција и од Грција.

– Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии – германска и едната е во делот на фармацијата – грчка – рече премиерот.

За едната рече дека ќе биде во зоната во Тетово, а другите две во скопската зона. Премиерот рече дека очекуваат многу скоро да има и втора фаза на овие инвестиции. Некои од постојните, како што нагласи тој, ги прошируваат нивните инвестициски капацитети, а уште со десет други се преговара.

– Еден жесток инвестициски циклус што нас ни е битен поради намалување на невработеноста – рече Мицкоски пред пратениците.

Тој рече дека Владата води силен инвестициски циклус со цел намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени во октомври годинава надминал 705 илјади, а бројот на невработени е намален на околу 91 илјада. Владата очекува во 2026 година, со нов закон и активни мерки, за првпат да се постигне едноцифрена стапка на невработеност.

За активните мерки за вработување, во Буџетот за следната година се предвидени околу 2,4 милијарди денари, односно рекордни 40 милиони евра.

Мицкоски ги повика иселениците да се вратат во земјата, нагласувајќи дека ќе има зголемена побарувачка за квалификуван кадар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk