logo
logo
logo

Денеска: Сончево и топло, од утре ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Vecer | 27.04.2026

Денеска: Сончево и топло, од утре ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во попладневните часови во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи.

„Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 20 до 25 степени“,

се вели во прогнозата на синоптичарите.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер.

„Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени“,

велат од УХМР.

Од утре, па до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, кога се очекува изолирана појава на нестабилност. Во среда на повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk