logo
logo
logo

Зголемување на трговската размена и соработка во транспортот

АЗЕРБЕЈЏАН ВЕЌЕ РАБОТИ НА ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС: Гаши се сретна со Алиев

Vecer | 17.06.2025

АЗЕРБЕЈЏАН ВЕЌЕ РАБОТИ НА ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС: Гаши се сретна со Алиев

Претседателот на Собранието на Република С. Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка.

Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година, спикерот Гаши ја оствари на покана на претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова, а Делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Азербејџан; пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата; како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Ова е прва официјална билатерална посета на претседател на Собранието на Република С. Македонија на Република Азербејџан, што е показател за заедничкиот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос меѓу двете држави.

На состанокот со претседателот Алиев, спикерот Гаши истакна дека ние како држава, особено во овој мандат, сме посветени на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави со кои, независно од тоа што не припаѓаме на ист регион, имаме заеднички интерес за соработка и градење мостови на пријателство.

Тој додаде дека ние не отстапуваме од нашиот евроинтегративен пат, и покрај предизвиците со кои се соочуваме, но сме цврсто решени да ги прошириме нашите партнерства со држави како што е Азербејџан, со која немаме отворени прашања, а имаме заеднички интерес за соработка.

Гаши нагласи дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, имајќи ги предвид ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија.

Претседателот Алиев истакна дека Република Азербејџан веќе работи на можностите да се обезбеди долгорочна соработка меѓу двете држави во делот на снабдувањето со гас, при што истакна дека покрај соработката во енергетскиот сектор, треба да се размислува и за зголемување на трговската размена и соработка во делот на транспортот.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји, покрај на соработката во областа на транспортот, трговијата и економијата, можат да се фокусираат и на соработка во културата и туризмот, бидејќи и двете држави имаат што да понудат, а тоа може да придонесе во зближување на народите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk