logo
logo
logo

Против екс раководството на ДЗС и врвот на поранешната Влада

ВЛЕН со кривична пријава - ПОРАДИ ПОПИСОТ 2021

Vecer | 02.07.2025

ВЛЕН со кривична пријава  - ПОРАДИ ПОПИСОТ 2021

Движењето ВЛЕН најави поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, одговорни и раководни лица од поранешната Влада предводена од ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичка власт, во врска со Пописот на населението од 2021 година.

Како причина за пријавата, ВЛЕН го наведува сериозниот сомнеж за политичко договарање и фалсификување на резултатите од пописот, со што, според нив, е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, по член 353 од Кривичниот законик.

ВЛЕН тврди дека со овој чин драстично и свесно бил намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Како последица на тоа, како што се наведува, Албанците губат права гарантирани со Уставот, како што се вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Според ВЛЕН, институциите донесуваат одлуки за намена на средства и фондови врз основа на погрешни и намалени бројки, со што се нанесува штета на граѓаните во многу општини.

Во соопштението се наведува и дека овие денови високи функционери на ДУИ јавно признале дека „пописот бил во рамки на договореното“, што, според ВЛЕН, го поткрепува сомнежот за политичка режија на операцијата.

„ВЛЕН ја презема оваа иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваме ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага. Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега – и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од ВЛЕН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk