logo
logo
logo

Поразителни сведоштва за Онкологија: ТЕРАПИЈА БЕЗ ПРЕГЛЕДИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Vecer | 09.02.2026

Поразителни сведоштва за Онкологија: ТЕРАПИЈА БЕЗ ПРЕГЛЕДИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија. Вештакот Маја Радник од Медицинскиот факултет во Марибор пред судот изнесе поразителни наоди по анализата на 51 медицинско досие на пациенти.

Од 51 случај, само во еден бил забележан запис од мултидисциплинарен конзилиум, што е задолжително при промена на терапија.

Во голем број наоди било забележано дека пациентот добивал лек, а воопшто немало запишана анамнеза, ниту извршен клинички преглед.

Кај најголем дел од пациентите не биле забележани дури ни основни параметри како телесна висина и тежина, кои се неопходни за правилно дозирање на токсичната онколошка терапија.

„Целокупната документација беше многу нецелосна. Промените на лекување не беа соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување“, нагласи вештакот Радник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk