logo
logo
logo

БИЛ НА ЛИСТА ЗА АПСЕЊЕ, ПОЛИЦАЕЦ НА АЕРОДРОМ ГО ПУШТИЛ ПАТНИКОТ СЛОБОДНО ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗЕМЈАВА

Vecer | 26.08.2025

БИЛ НА ЛИСТА ЗА АПСЕЊЕ, ПОЛИЦАЕЦ НА АЕРОДРОМ ГО ПУШТИЛ ПАТНИКОТ СЛОБОДНО ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗЕМЈАВА

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С., поради сомнеж за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, на 12 август 2025 година, пријавениот полициски службеник, кој работел на пасошка контрола во Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, не извршил контрола врз патник кој се наоѓал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“. Со неговото несовесно постапување, патникот успеал да влезе во државата, со што бил ставен во поволна состојба и истовремено е нанесена штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека ваквото однесување е недозволиво и ќе се санкционира со најстроги мерки.

– Министерството за внатрешни работи нема да толерира несовесно или незаконско постапување од страна на наши службеници. Секој поединец кој ќе ја злоупотреби својата службена должност ќе одговара согласно законските прописи – изјавија од МВР.

За случајот е известено и надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk